Филипче се сретна со студентите кои ќе помагаат во битката со Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово се сретнал со студентите од шеста година по општа медицина, кои ќе помагаат во битката со Ковид-19.

– Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите од шеста година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека нивниот придонес е многу значаен, и им посака успешна работа.

Close