Паралелно со чистењето на Црн Дрим се поставуваат и кабли, стружани прашуваат за што станува збор?!

Стружани после долги години се израдуваа на проект кој се реализира беспрекорно. Секоја чест на изведувачот, работниците и на оние кои го реализираат во целост без разлика кои се (иако се појавија неколку кои си го препишуваат како заслуга). Тоа воопшто не не загрижува, дај боже да плаќаат странците и во иднина и да се разубавува нашата Струга.
Нас не загрижува фактот што некој во доцните часови, во испразнетото речно корито си поставува некаков кабел и тоа на длабочина од едвај едно метро, ни повеќе, ни помалку веднаш под металните скали. Синоќа кога затекнавме еден дечко со бурмашина ни одговори: ” Уживајте бе кабловска е, многу мала струја поминува”
Мала струја?! Под вода?
Па би сакале најпрво да го прашаме нашиот пратеник во собрснието, господинот

Јован Митрески

бидеќи тој го посочи како владин проект чистењево, дали е запознаен со паралелниот проект на пуштање кабли? Директорот на ЕВН, господин Сашо Коркут, или претставникот на општина Струга Г-дин Владислав Жупан, кој како што ни кажаа е задолжен за целиот проект. Дали е ова дел од проектот и ако не е, кои се мерките кои ќе бидат преземени?

Close