Кукунеш: Воопшто не беше запалено ѓубре, туку дека, на строго определено место наменето за отворен оган, гореа ситни гранки и лисје


Раководител на кампот Скаут Никола Кукунеш по објавеното видео на Охрид 1 дека има запалено ѓубре во камп во Струга кој со европски пари се промовира како ЕКО Оаза, известува:
Воопшто не беше запалено ѓубре, туку дека, на строго определено место наменето за отворен оган, гореа ситни гранки и лисје. Се надевам дека ќе го објавите демантот , вели Кукунеш.
