Кривична пријава за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.Д.(22) од Берат–Република Албанија. Тој, на 11.10.2020 година околу 14 часот, на улицата „Партизански одреди“ во Струга, вербално и физички им се спротивставил на полициските службеници кои го сопреле патничкото возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки, што го управувал и презеле службени мерки кон две други лица во возилото, кои немале документи за идентификација.

Close