Зелка и сите нејзини драгоцени својства

Белата зелка која кај нас најмногу се употребува има голем број на „роднини“, меѓу кои спаѓаат и црвената зелка, карфиолот, прокељот, келерабата, брокулата. Сите тие имаат неверојатно добри хранливи особини и се многу ценети во исхраната на човекот. Хранливата вредност на зелката е резултат на нејзиниот состав, кој е различен кај различните сорти на зелка. Сепак, во просек може да се земе дека минималмната енергетска вредност на зелката е само 24 kcal на 100 грама.

Хемиски состав

Хемиската анализа на зелката покажала дека таа содржи шеќери, минерали, диетални влакна, масти, ензимите и различни витамини. Подолу во табелата е дадена составот на 100 g зелка обична бела зелка.

Вода 90 г / B1 0,03 мг / Белковини 1,5 / B2 0,04 мг / Масти 0,1 г / B3 0,7 мг Шеќери 7г

B9 10 μg / Диетални влакна 1 г / C 45 мг / Пектини 0,5 / E 0,06 мг / Органски киселини 0,3 г

Во зелката исто така се присутни и некои важни макроелементи (калиум, калциум, магнезиум, натриум, фосфор), но и некои микроелементи (железо, јод, кобалт, манган, бакар, молибден, флуор, цинк). Поред овие микро и макроелементи, зелката е многу богата и со антиоксиданти, а содржи и уште еден, за многумина непознат витамин. Станува збор за витаминот У (метилметионин) за кого ќе стане збор малку подолу. Антиоксидантитие присутни во зелката го намалуваат „лошиот“ холестерол во крвта и го штитат организмот од некои форми на рак.

Запомнете: зелката е одличен извор на природениот антиоксидант, витаминот Ц. Така, 100 g сирова зелка содржи 60% од дневната потреба на организмот од витамин Ц. Она што можеби не ви е познато е дека внатрешните листови од зелката содржат повеќе витамин Ц отколку надворешните листови, а најмногу го има во кочанот на зелката.

Лековити својства

Листовите на зелката содржат биолошко активни компоненти кои ги прават ефективни во профилактиката на лекување на многу болести. Познато е дека зелката ја стимулира работата на бубрезите, штитовидната жлезда и е способна да ги изнесува отровите од организмот, а се применува и во профилактиката на онколошките заболувања. Диеталните влакна присутни во зелката ја подобруваат работата на органите за варење, помагаат при запек, подуеност на стомакот и имаат особина да го изнесуваат холестеролот од организмот.

Можеби не сте слушнале за витаминот У, кој го споменавме погоре и кој е присутен во зелката. Всушност, не станува збор за витамин во вистинската смисла на зборот. Се работи за ензим кој се наоѓа во сокот од зелката и се применува при лечење на разни видови заболувања на желудникот, па овој израз „витамин“ широко се употребува. Она што е важно е дека овој „витамин“ ја подобрува работата на црниот дроб и слезината.

Сокот од листот на зелката е познат во народната медицина, и често се применува при зараснување на гнојни рани и чиреви. Тој поседува антисептички против-воспалителни својства, има особина да го намалува шеќерот во крвта, го отстранува вишокот течности од желудникот и е многу ефикасен во борбата со запекот. Сокот од зелка измешан со прополис, на промер, ги ублажува, дури и отстранува болките настанати од чир во желудникот, ја прекратува потребата за повраќање, и помага при запек. Вообичаената доза е ½ – 1 чаша сок од зелка со прополис и тоа 4 пати во денот, 45 минути пред секој оброк. Ако не сте знаеле, сокот од зелка е и одлично природно козметичко стредство. Плакнењето на кожата со сокот од зелка ја подмладува кожата, а може да се употребува и при приготвување на различни маски за лице. Едноставно кажано, зелката е природен лек. Меѓутоа, како и секој друг лек, и таа има контраиндикации.

Контраиндикации

Внимателно со зелката. Ова важи за лица со следните заболувања: панкреатитис, ентероколитис, зголемена киселост во желудникот, за оние кои имаат тенденција кон грчеви во цревата и жолчните канали. Ним им е забранета употребата на зелката како храна. Луѓето кај кои е нарушена работата на штитовидната жлезда, треба внимателно да консумираат зелка затоа што зелката, броколите, па и спанаќот, содржат материи кои предизвикуваат раст на туморот на оваа жлезда.

Close