ВМРО ДПМНЕ обвини за катастрофална реализација на буџетот и трошење по кафани во јавните претпријаија

ВМРО ДПМНЕ во градскиот совет со низа критики за финансиското работење и функционирањето на јавните претпријатија, реализацијата на буџетот и на програмите на секторите при локалната самоуправа. Опозицијата обвини за недомаќинско трошење и зобвини дека  јавните претпријатија  работаат со намалени приходи, а со зголемени плати, трошоци за репрезенатација и гориво.

Опозицијата обвинува дека извештајот за реализација, пред се во секторот за комунални дејности, улици и патишта, е повеќе од катастрофален. Според ВМРО ДПМНЕ, програмите не се изготвуваат врз основа на реалните можности на општината и додаваат дека неопходно е да се изготвуваат реални буџети.

„Оваа катастрофална ситуација е поради тоа што години наназад програмите претставуваат желба, а не реални можности на општините кои може да ги реализира. Време е и да почнеме да правиме реални буџети кои ќе се засноваат на реалната моќност на општината и буџетот со кој се располага, – реч координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков.

Единствено, вели Пецаков , јавното претпријатие „Градски Гробишта“ може да се изземе од ова со оглед на тоа што е доста активно периодов и добиваше работи , всушност приходот и она кое што го прикажува на крај како позитива во работењето се должи на тоа што соработуваше со општина Охрид, во таканаречените договорни услуги со правни лица што не е случај со останатите претпријатија кои што без исклучок се во негатива споредбено со изминатите години.

-Имаме случај каде што тоа е намалено, а од друга страна имаме зголемување на платите и тоа зголемување не е рамномерно според бодот, тоа е зголемување на своите партиски послушници. Зголемени се трошоците за репрезентација , зголемени се трошоците за гориво. Конкретно случајот е за „Нискоградба“, која што наследи 24 милиони побарувања од општина Охрид со платен данок, фактурирано се, значи чисти пари 24 милиони. Откако дојде СДСМ на власт, се до денеска тие 24 милиони се сведени на 8 милиони, значи 16 милиони се потрошени, напомена Пецаков.

Според Пецаков, ова претпријатие добива работа која е три пати помала од претходниот период, а за сметка на тоа потрошеното гориво, потрошените средства за резервни делови, за репрезентација се три пати поголеми што е нелогично и затоа ова претпријатие тони .

-Јас на седница на совет за првиот квартален извештај бев повеќе од прецизно јасен и дадов предвидување дека некаде околу нова година „Нискоградба“ не ќе може да ги исплати повеќе вработените и за тоа претпријатие ќе настапи кризен период, потенцира Пецаков и додава:

„Ист е случајот и со Водовод, зголемени плати, зголемени приходи со фиксниот надоместок и со зголемување на цената на водата и за колектор, а имаме негативен финансиски извештај. Иста е сликата и со останатите јавни претпријатија, па и со „Билјанини“ извори кои што оствариле приближен приход исто како кога немало покачување на цените на паркинг услугите“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close