Амбасадата на САД со реакција за изјавата на Мицкоски

Американската амбасада во Скопје во реакцијата што ја објави на Фејсбук и на Твитер порача дека запалливата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби во земјата особено кога настани од минатото, како Нирнбершките процеси, се користат во погрешен контест.

-Воспалителна реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога неправилно ги користат минатите настани, како што се Нирнбершките процеси за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог околу правецот во кој се движи земјата.  Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, стои во реакцијата на амбасадата.

Реакцијата е поради вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој судењето за крвавите настани од 27 април во пресрет на утрешната пресуда, гo спореди со Нирнбершкиот процес, серија судења од 1945 до 1949 година на политичкото, военото, судското и економското раководство на нацистичка Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close