Ноќва дожд и ветер во охридскиот регион

Поради влијание на циклонска циркулација со низок воздушен притисок, подрачјето на територијата на Македонија го зафаќа влажно нестабилна воздушна маса.

Ваквата појава ќе услови да има ретки грмежи, засилен ветар и дожд кој ноќва ќе има интензитет во охридскиов регион. Се очекуваат и повремено јаки удари, налети на ветер кој би достигнале брзина од 70-80км на час.

Ветерот ќе биде од јужно-југоисточен правец, а бидејќи се спушта постудена воздушна маса, ќе овозможи утре па и во текот на денот да имаме доста пониски температури. Утрешниот ден ќе биде свежо студеникав.

 

Пишува метеопрогнозер Стевчо Недески

Close