Јавните претпријатија во Охрид со повисоки приходи

На денешната прес конференција в.д градончалникот Константин Георгиевски излезе со конкретни бројки за работата на приходите и расходите на Јавните претпријатија. Тој изнесе податоци споредбени со работата на претпријатијата во 2017 година и работата од оваа година.

-Градски гробишта во 2017 година остварило загуба од 2 908 000 денари , оваа година тоа јавно претпријатие остварило добивка од 2 206 427 денари. ЈП Водовод Охрид во 2017 година го најдовме со загуба од 36  235 000 денари , четири неисплатени плати , здравствено осигурување на вработените , огромни долгови. Во 2018 година загубата е само 3 660 000 денари или разликата е фрапантни 32 575 000денари во плус. МЈП Проаква Струга, 2017 година, 58 717 000 денари во загуба, 2018 година добивка од 15 570 000 денари или во плус 74  287 000 денари. ЈП Градски пазар, 2017 година, добивка од 1 416 000 денари ,загуба оваа година од 2018 година 1 689 151 денари, меѓутоа овде е интересно тоа што приходите од редовното работење на ова јавно прептијатие, се зголемени од  7 916 000 денари на 9 237 000 денари, а додека загубата се должи на тоа што во 2017 година од страна на приватниот партнер во изградба на новиот пазар еднократно е исплатена сума од скоро 5 милиони денари и на тоа се должи добивката во 2017 година. Доколку би имале таква исплата и оваа година, тогаш добивката на јавното претпријатие би била поголема него лани, затоа што приходите оваа година се поголеми. ЈП „Охридски Комуналец“ во 2017 година имало добивка од 14 милиони 448 илјади  208 денари , оваа година добивка од 17 милиони 842 илјади 357 денари  и да не заборавиме дека ова јавно претпријатие оваа година доживеа ренесанса во опремување и модернизација со нови машини, возила и помошна механизација. Приходите во ова јавно претпријатие во 2017 година биле 129 милиони 505 илјади , а оваа година се 140 милиони денари. ЈП „Билјанини извори “ во  2017 година остварило приходи 23 милиони 568 денари , а годинава 36 милиони 602 илјади 390 денари. Разликата е од 13 милиони денари во плус . Загубата на ова претпријатие  во 2017 година била 7 милиони 453 илјади 719  денари, а добивката оваа година е 3 милиони 492 илјади 986 денари.  На ЈП „Нискоградба“  во 2017 година приходите биле 55 милиони 772 илјади 259 денари , а во 2018 година приходите се 60 милиони 262 илјади 719 денари, што значи дека за 8% се зголемени приходите. Овде бележиме загуба на претпријатието затоа што имаме отпис на побарувања од правни лица  за изминатите 6 години  којшто не бил направен во период од 2010 до 2015 година, а  е во износ од 971 илјада денари. Во ова претпријатие имало и исплаќање на отпремнини од 600 илјади денари и смртни случаи . Токму поради овие причини настанала загубата на ова претпријатие од 1 милион и 500 денари.    Може да констатираме дека во 2018 година сите јавни претпријатија ги зголемиле приходите , намалени се трошоците и сите работат во одлична кондиција- истакна  в. д градоначалникот Георгиевски и посочи дека во моментов по налог и со финансиска помош  на општина Охрид  екипи на ЈП „Охридски Комуналец „ го чистат  просторот кај  некогашната касарна „Михајло Апостолски“ кој простор  години наназад никој не го расчистил како и тоа дека  сработеното  и зголемените приходи во последната 2018 година е доволен доказ дека јавните претпријатија се извлекуваат од финансиската криза која ја стекнале во претходните неколку години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close