(ФОТО) Финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“

Продолжуваме интензивно да работиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.Во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Close