Карфиол, најголем извор на витамин Ц

Карфиолот, заедно со брокулата и зелката, спаѓа во групата на зеленчук богат со многу витамини и состојки неопходни за добро здравје.

Овој драгоцен дар од природата е одличен за превенција на многу тешки заболувања, има многу лековити својства и претставува драгоцен извор на витамин Ц.

Само 100 грама свеж карфиол на организмот му даваат 48.2 мг. витамин Ц, или околу 80 % од дневната препорачана доза на витамин Ц неопходна за секој човек.

 

Благодарение на анти-канцерогените состојки, карфиолот покажал одлични резултати за превенција и лекување на рак на простатата, рак на грлото на матката, рак на градите, на дебелото црево и јајниците.

 

Благодарение на својот состав, карфиолот делува антибактериски и антивирусно, богат е со железо, калциум, калиум, магнезиум, како и витамини Б1, Б3, Б5 и Б6.

 

Овој зеленчук е одличен за детоксификација на организмот, претставува богат извор на антиоксиданси, а се покажа и како лек за разни воспалителни процеси кои може да доведат до сериозни болести.

Карфиолот има многу малку калории и воопшто не содржи холестерол.

Најдобро е да се користи свеж, како салата, или да се приготви чорба од карфиол. Во фрижидер може да остане свеж цела недела, а се препорачува да се конзумира неколку пати во неделата.

За да не се загуби витаминот Ц, варете го во солена вода само неколку минути, додека малку омекне.

Не заборавајте на драгоцената дневна доза витамин Ц која се содржи во една мала порција карфиол!

Close