Лихтенштајн, најбезбедна земја во Европа

Со само 37.000 жители на површина од 160 квадратни километри, Лихтенштајн е една од најмалите, но на многу начини уникатни држави во светот.

Државата Лихтенштајн нема скоро никаков криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997. година,а има само неколку затвореници во земјата.

Секој осуден на казна повеќе од две години оди во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што повеќето дури и не ја заклучуваат влезната врата.

Во Лихтенштајн официјалниот јазик е германски, но генерално жителите не го зборуваат. Повеќето го користат алеманскиот дијалект,поинаков од стандардниот германски.

Close