Кардиохирургот Петар Ристески со свое предавање во Мастрихт

Македонецот Петар Ристески кој 15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт продолжува со активно учество на светски научни собири.

Тој во периодот од 8 до 10 март на 24- Европски васкуларен курс во Холандија одржа предавање за минимално инвазивен третман на опсежна аорта и на аортниот лак. На конгресот во Мастрихт беа  презентирани најновите достигнувања во кариохирургијата.

Петар Ристески на овој научен собир учествуваше по покана на претседателот на конгресот, професор доктор Мишел Јакобс.

Во рамките на конгресот, др. Ристески изведе обука на кариохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника.

 „Ваквите настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиоваскуларните хирурзи од различни страни на светот, како и можност за примена на нови технологии, методи и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на кариоваскуларната хорургија“, рече доктор Ристески.

Ристески е македонски кардиоваскуларен хирург кој  15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Од 2015 година, тој е шеф на оддел за аортна хирургија.

ЛИЧЕН ПРИЈАТЕЛ СО НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ

На курс за ендоваскуларни аортни процедури, сњртифициран од EATCS, Октомври 2017, Хамбург Германија
На курс за ендоваскуларни аортни процедури, сертифициран од EATCS, Октомври 2017, Хамбург Германија

Д-р. Петар Ристески е личен пријател со нашиот познат Кардиолог Д-р Никола Бакрачекси. Тие секојдневно комуницираат и разменуваат искуства и нови знаења од областа на кардиоваскуларната медицина, а многу често се консултираат за поедини случаи и пациенти од нивната секојдневна пракса. Често заедно присуствуваат на научни собири од областа на кардиоваскуларната медицина низ светот, а нивна најголема заедничка желба заедно да работат на развивање напредни иновативни техники и процедури. Се познаваат од 2002 година кога заедно работеле на Клиниката за Кардиохирургија „ Филип Втори“ и од тогаш се дружат приватно и соработуваат професионално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close