Несреќата во Етиопија приземјување на сите авиони „боинг 737 макс 8“

Американскиот претседател Доналд Трамп издал итна наредба веднаш да се приземјат сите авиони Боинг 737 , по несреќата во Етиопија, кога се урна авион од овој тип и загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Претседателот истакнал дека Боинг е одлична компанија, но според него безбедноста на граѓаните е поважна. Претходно, Канада ги забрани летовите […]

The post Несреќата во Етиопија приземјување на сите авиони „боинг 737 макс 8“ appeared first on Скопје1.мк.

Американскиот претседател Доналд Трамп издал итна наредба веднаш да се приземјат сите авиони Боинг 737 , по несреќата во Етиопија, кога се урна авион од овој тип и загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.

Претседателот истакнал дека Боинг е одлична компанија, но според него безбедноста на граѓаните е поважна. Претходно, Канада ги забрани летовите на новиот авион Боинг 737-Макс 8. Канадскиот министер за транспорт, Марк Гарно во Отава кажа дека одлуката била донесена по добиените сателитски податоци кои укажуваат дека несреќата во Етиопија и онаа во Индонезија биле слични.

Компанијата пак Боинг објави дека ќе ја суспендира целата флота Боинг 737 и тоа сите 371 авиони.

За само неколку месеци ова е втора авионска несреќа на нов Боинг 737 , откако во октомври минатата година во Индонезија падна ист таков авион и загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

 

The post Несреќата во Етиопија приземјување на сите авиони „боинг 737 макс 8“ appeared first on Скопје1.мк.

Close