ВИЕНА ПРОГЛАСЕНА ЗА „НАЈПАМЕТЕН” ГРАД НА СВЕТОТ

Истражувањето на германската консалтинг компанија „Роланд Бергер” помеѓу вкупно 153 града, кои имаат разработено smart city стратегија, најмногу ја пофали – Виена.

Главниот град на Австрија не е веќе девет години по ред само град со најдобар квалитет на живот, туку според студијата и истражувањето на Smart City Strategy Index и „најпаметен” град на светот.

Поимот smart city или паметен град опфаќа многу елементи кои придонесуваат за подобрување на животниот простор, почнувајќи од јавниот градски превоз, па се до училиштата и јавните институции. Тежиштето на се лежи на технолошките, економски и општествени иновации.

Истражувањето ја спроведе организацијата Roland Berger Strategy Consultants со седиште во Германија.

Градот Виена со својата стратегија се покажа како „најпаметен град” на светот во 2018. година, и тоа веќе втора година едноподруго! На второто место се наоѓа Лондон, а на третото канадскиот Ст. Алберт.

Со студијата се опфатени 153 града кои ја имаат усвоено стратегијата на развој на „паметен град”, а споредуваните решенија се применети на сегментите како јавни управи, здравствен систем, образование, енерегетика, околина, сообраќај и др.

Градот Виена веќе со години, во областите енергетика, градажништво, мобилност и инфраструктура развива иновативни решенија применливи во секојдневните ситуации. Еден од најголемите проекти од таков вид е изградбата на новиот градски кварт Асперн, кој овозможува урбан живот во контакт со природата, со помал број автомобили и максимална заштеда на енергија на простор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close