Британските пратеници ќе гласаат за одложување на Брегзит

epa06568186 A British Union flag and the the flag of the European Union flutter near an anti-Brexit protest in London, Britain 27 February 2018. British Prime Minister Theresa May is due to address the issue of the Britain's future relationship with the EU on 02 March 2018. EPA/NEIL HALL

Претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Баркоу изјави дека британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија.

Во владиниот предлог се посочува дека ако до 20 март Парламентот не го прифати договорот, „мала е веројатноста ЕУ на средбата на врвот на 21-22 март да одобри одложување на рокот без да има конкретна причина да го направи тоа“.

Во меѓувреме, светските агенции јавија дека британската премиерка Тереза Меј денеска ќе им предложи на пратениците по трет пат да гласаат за договорот за Брегзит

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close