Литванија ќе го ратификува Протоколот за влез во НАТО

Парламентот на Литванија денеска треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе има и обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Вчера Протоколот беше ратификуван во парламентот на Романија, а претходно тоа го сторија Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Земјите- членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата,
Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close