Шефот на чешката дипломатија во посета на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

За време на посетата тој ќе се сретне со својот македонски колега и домаќин Никола Димитров, по што ќе бидат одржани и пленарни разговори меѓу двете делегации.

Предвидено е и потпишување на меморандум меѓу двете министерства, како и заедничка прес-конференција на министрите Димитров и Петжичек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close