Бачев: Лага е дека се работи на откривање на атентатот врз Глигоров, акцијата „Автомобил„ е укината

Претседателот на Единствена Македонија по повод 25 годишнината од обидот за атентат врз поранешниот македонски претседател во изјава за јавноста рече:

-„Повторно 3-ти октомври беше уште едно потсетување, дека пред 25 години е извршен обид за атентат врз Киро Глигоров. Вчера, повторно слушавме лаги дека и натаму се води постапка против непознат сторител. Меѓутоа, на многу конкретен начин, ќе и покажам на јавноста дека кажаното дека се работи на атентатот е една голема лага. Постои интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција во кој се вели, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ – завршен цитат. Единствена Македонија го има овој документ.

Значи, Штабот на Оперативната акција „Автомобил„ се укинува. Да појаснам, по атентатот е заведена оперативна акција со кодно име „Автомбил„, во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан. Меѓутоа, Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе. Атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР. Или со други зборови кажано, атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста. После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и оперативната акција „Автомобил“, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:

Зошто и понатаму се лаже народот дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?

Зошто МВР го лажеше и самиот Глигород до неговата смрт дека се работи на атентатот, наместо отворено да му кажеа дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите?

Јавноста чека одговор на прашањето – Кој ги укинал Штабот и оперативната акција Автомобил? – потенцираше Бачев.

Close