Фудбалска школа “ФК Македонија” Враништа

Легендата на македонскиот фудбал и поранешен репрезентативец на Македонија Цвете Делиоски кој поседува УЕФА Б лиценца е поставен како координатор на младинската школа на фудбалскиот клуб ФК “Македонија” -Враништа.

Како што истакнува неговите заложби се за добивање на добра и просперитетна постава на играчи кои би се вброиле во првата лига на ФК Македонија.

-Се надевам, дај Боже и некое детенце од нашата школа еден ден да го видиме во поголеми клубови, па и во репрезентацијата на Македонија. Му благодарам на претседателот Наумче Спасески и неговата управа педводена од Мацески Даниел и Васко Боровчански за укажаната доверба и се надевам дека ќе ја оправдам, истакнува тренeрот Делиоски.

Притоа како што додава Делиоски, заедно со него ќе работи и Илија Чајљакоски.

Close