ЈП Градски Гробишта со проект за пристапна патека во село Свињишта

По долг временски период од не реализирање на никави реконструктивни зафати во околните охридски села, периодов ЈП Градски Гробишта бележи реализација на проект за обнова на пристапната патека во село Свињишта.

Инвеститор на проектот е општина Охрид, со вкупна инвестиција од 230 илјади денари, а изведувач е ЈП Градски Гробишта од Охрид.

Помеѓу другото во пристапните патеки спаѓа поплочување на местото со бекатон плочки, како и негово страничко уредување со хортикултурни насади.

За следниот период ова јавно претпријатие најавува реализација и на низа други проекти како во Охрид така и во околните места.

Close