Над милион Американци веќе гласаа на претседателските избори

Повеќе од 1,2 милиони американци веќе гласаа за претседател без да чекаат на првата дебата меѓу претседателот Донлд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден во Кливлен, Охајо.

Тоа е според анкетата на Си-Ен-Енспроведена меѓу изборни претставници на 20 држави.

Околу 800 000 од поднесените гласачки ливчиња доаѓаат од осум најконкурентни држави. Само во Северна Каролина и Висконсин веќе се поднесени над 500 000 гласачки ливчиња , приблично четвртина од бараниот број.

Големиот процент сугерира дека многу гласачи ги послушале советите на политичарите и изборните службеници кои ги повикаа луѓето брзо да ги испраќаат своите гласачки ливчиња поради страв од одложена достава на пошта. Сепак овие гласови се сеуште мал дел од гласовите дадени оваа година. Трамп и Хилари Клинтон добија околу 130 милиони гласови заедно во 2016 година.

 

Close