Се прават последните подготовки пред утрешниот старт на учебната година

Двестотини и шеесет илјади ученици и околу 25 илјади наставници од основните и средните училишта во земјава ќе ја користат Националната платформа за онлајн учење од утре, 1 октомври, кога е и официјалниот старт на училишната година.

Деновиве се вршат тестирања на единствената национална платформа за онлајн-учење www.schools.mk, која ќе биде основна алатка за непречено одвивање на образовниот процес во услови на пандемија, а која е изработена во соработка со ФИНКИ.

Министерството за образование и наука викендот испрати кориснички лозинки до училиштата за пристап до платформата, а повеќето наставници вчера имаа генерална проба со своите ученици за одржување на првиот онлајн час. Некои успејаа да се вклучат, но некои имаа проблеми со платформата.

Close