Црвен крст во одбележување на Денот на крводарителството

Перманентната работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната нагажираност на активностите на Црвен крсти службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.

Хуманоста што ја покажаа на терен крводарителите преку добровлно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид на 15,03,2019 со почеток во 14 часот, на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредувањето на крводаителството.

Особена благодарност упатуваме до медиумите за придонесот во унапредувањето и развојот на крводарителството во РМ , истакнуваат од општинскиот Црвен крст.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close