Жално: Три сестри и брат живеат под отворено небо – Да помогнеме

Три сестри и еден брат живеат под отворена небо. Немаат никакви услови за живот. Фотографија која се шири по соцјаните мрежи ги вознемири сите. Хуманите луѓе веднаш бараат информации да им испратат каква – таква помош, затоа што на овие луѓе им треба се. Но, загрижува фактот што за ова семејство треба многу повеќе од основни прехранбени произвори.

– Добри луѓе, сакам да се обратам за помош за семејство кое живее во Банево трло, во близина на Куманово. Тие живеат под отворено небо, немаат ништо и секоја помош од сите нас е добредојдена.

Dobri ljudi ,sakam da se obratu za pomos na semejstvo koe zivi u Banevo trlo , na otvoreno nebo ,nemav nisto i svaka…

Posted by Valentina Trajkovska on Saturday, January 26, 2019

Неофицијално по ширењето на фотографијата по социјалните мрежи се огласил градоачалникот Максим Димитриевски и пратеникот Павле Богоевски, кои веќе испратиле помош.

Низа коментари има под фотогафијата, секако сите се сложуваат дека треба што поскоро да им се помогне на ова семејство. Луѓе кои добро ги познаваат објаснуваат дека покрај матријална на овие луѓе им треба и професионална медицинска помош.
Да помогнеме, секој онака како што може. Секако последниот збор треба да го дадат институциите и да ги згрижат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close