(ВИДЕО) Со свирење и ротација на светло, медицинските лица и оддаваат последна почит на  прерано починатата медицинска сестра и сите жртвиод КОВИД 19

Возилата за брза помош на Здравствен дом и возилата од Општа болница од Охрид со свирење и ротација на светло и оддаваат последна почит на  прерано починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на опасниот корона вирус Ковид -19.

Димоска имаше само 50 години и беше работно ангажирана во Интерно одделение на болницата во Охрид и ја загуби последната битка со Ковид – 19. Дијана завчера беше погребана на Градските гробишта во Охрид.

Брза помош

Posted by Ohrid 1 on Tuesday, September 29, 2020

Неколку едноставни поуки за неширење на вирусот Ковид-19, посочуваат од Општата болница од Охрид.

Најсилно оружје против вирусот е нашата свест и одговорност!
– Одржувајте хигиена
– Избегнувајте групни собири
– Држете растојание и носете маска
– Хранете се здраво
– Спортувајте и бидете позитивни
Никој не е отпорен на овој агресивен облик на вирус. Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник.
Дајте нека конечно проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со горенаведените поуки.
Здравјето е најголемо богатство !

Брза помош

Брза помош

Posted by Ohrid 1 on Tuesday, September 29, 2020

 

Close