Амазон со 3500 нови работни места во Канада

Гигантот за електронска трговија Амазон соопшти дека ќе отвори 3000 работни места во Ванкувер и уште 500 во Торонто.

Џеси Дорти, потпретседател на Амазон, задолжен за локацијата во Ванкувер, рече дека компанијата сака да ги донесе овие работни места во Канада затоа што земјата има „огромен технолошки талент, кој Амазон сака да го искористи”.

Новите деловни и технолошки работни места ќе вклучуваат инженери за развој на софтвер, дизајнери на корисничко искуство, архитекти и менаџери за продажба и маркетинг.

Close