Честитка од ОК ВМРО ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упатува искрени честитки до граѓаните припадници на Бошњачката заедница.

Бошњачката заедница со својата традиција и култура се длабоко вкоренети во македонското општество.

Меѓусебната почит треба да се негува и почитува.

Само заедно може да постигнеме да направиме просперитетна иднина во Охрид и Македонија. Сите ја делиме истата судбина и ја чувствуваме лошата состојба на која мора да ѝ се стави крај.

Ви посакуваме искрени желби за здравје, љубов, успех и благосостојба.

Нека Ви е честит 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците!

Close