Планот за управување со сливот на Охридско Езеро презентиран на национален консултативен состанок во Северна Македонија

Денес нацрт планот за управување со сливот на Охридско Езеро беше презентиран на националниот консултативен состанок пред повеќе од 40 преставници на надлежни министерства, јавни институции , локални власти и невладини организации. Планот е изработен од во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект, реализиран преку Глобалнот партнерство за води -Медитеран (ГВП-Мед) во периодот од 2 години и истиот е поткрепен со Програма на мерки за заштита и одржливо управување со прекуграничниот слив на Охридско Езеро, значаен воден ресурс и за Северна Македонија и за Албанија.

Охридско Езеро е жешка точка на биодиверзитетот со повеќе од 300 ендемски видови и е регион под заштитата на УНЕСКО конвенцијата. Сливот на Охридско Езеро е живеалиште на околу 170.000 жители кои водат економски активности како рибарство, земјоделие, производство на хидро енергија и туризам. Во последните години Езерото се соочува со предизвици како што се намалување на рибниот фонд, еутрофикација и урбана деструкција.

За да се совладаат токму овие предизвици Планот за управување со сливот на Охридско Езеро, кој е само втор заеднички план во прекуграничните басени на Балканот,  е изготвен преку размена на податоци на прекугранично ниво и спроведување на заеднички мониторинг на водите на езерото, како и спроведување економска анализа и анализа на екосистемските услуги во регионот. Изготвувањето на овој план беше еден од петте пилот проекти и мерки во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект, кој промовира подобрена прекугранично управување со басенот на реката Дрим.

 Планот е резултат на две годишен процес низ кој за прв пат се собрани и анализирани податоци од двете стран, вклучувајќи научни, социоекономски и легистлативни податоци од двете земји. Планот е изготвен во склад со Европската рамковна директива за води и националното законодавство на Албанија и Северна Македонија. Планот ,заедно со подобрениот план за Преспанското езеро ќе биде и интегрален дел на Планот за управување со целиот Дримски Басен.” – изјави Илбер Мирта, Раководителот на Секторот за води во Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна  Македонија.

На консултативниот онлајн состанок преставниците позитивно го коментираа значењето и содржината на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро како клучно потребен чекор за обезбедување на заштита и одржливо управување на овој значаен екосистем и ги потенцираа заедничките предизвици и потребата за меѓусекторска соработка помеѓу двете земји во ремките на Европската рамковна директива за води.

Што е најзначајно, овој План воедно содржи повеќе од 100 мерки кои треба да бидат превенција од натамошна деструкција врз езерото, мерки кои промовираат одржлива употреба на водите, кои ќе го подобруваат квалитетот на екосистемот и ресурсот и мерки кои ќе контрубуираат во справувањето со поплави и суши во басенот.

Во наредниот месец ваков состанок ќе одржат и албанските институции по што ќе се премине кон финализирање и усвојување на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро.

*Изработката на Планот за управување со сливот на Охридско езеро е една од 5 пилот активнсоти во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект кои се имплементира преку United Nations Development Programme (UNDP) и се спроведува од  Global Water Partnership – Mediterranean (GWP-Med) во партнерство соUnited Nations Economic Commission for Europe (UNECE).

Close