Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски упати честитка по повод 28- Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

– Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, Ви упатувам искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и Ви посакувам празникот да го минете во   добро  расположение и  среќа  во кругот на семејството.

 Бошњаците  почитувајќи ги своите традиции и култура се значаен дел од нашето мултиетничко општество и  потврда за  обединетост и сплотеност  во нашата заедничка држава.  Водејќи се од принципите на разбирање и толеранција успешно  се насочуваме кон градење европска  иднина која ја посакуваме за себе и своите деца.

 Продолжуваме  да работиме на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани  за кои Република Северна Македонија е  нивни дом вклучувајќи ги и Бошњаците– стои во честитката од градоначалникот Георгиески.

Close