Подрачните основни училишта настава со физичко присуство додека централните онлајн во Охрид

Според изнесените податоци на Владата во табеларниот приказ објавени се училиштата како ќе ја спроведуваат наставата во учебната 202/21 година.

Имено, подрачните училишта ”Ванчо Николески” во Косел и Куратица ќе одржуваат настава со физичко присуство на учениците. Истото важи и за подрачното училишта “Наум Охридски” во Пештани, Елшани, Коњско и Трпејца.

Согласност за настава со физичко присуство се дава и за музичкото училиште “Методи Патчев’, за кое што се вели дека тоа ќе се реализира со подготвен план од училиштето само за индивидуална настава за избраниот инструмент, со согласност на родителот и со почитување на заштитните епидемиолошки мерки пропишани во протоколот за настава со физичко присуство. Во поглед на ова училиште, не се дава согласност за наставата со физичко присуство за учениците по теоретски предмети солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

Што се однесува до онлајн наставата согласно донесените заклучоци од надлежните,централните основни училишта на територијата на општина Охрид, Братство Единство, Ванчо Николески- Лескоец, Григор Прличев -Охрид и Рача, Живко Чинго- Велгошти, Климент Охридски, Кочо Рацин Охрид и Лакочереј како и Христо Узунов, ќе одржуваат онлајн настава бидејќи не е дадена согласност за спроведување настава со физичко присуство.

 

Close