Течат работите на новата трибина на стадионот “Билјанини извори”

Интензивно се работи на изградбата на новата трибина од спротивната страна на големиот стадион “Билјанини извори ” во Охрид. Трибината, како што беше претходно најавено се гради на местото од монтажната трибина каде што се наоѓаа отворените асфалтни и кошаркарски терени.

Според инвеститорот трибината ќе биде изградена според највисоки светски стандарди со капацитет од 1480 седишта. Ваквиот проект се реализира од страна на општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.

 

Close