Филипче: Со жалење ја примив веста за починатата медицинска сестра, да оддадеме почит за трудот на овие работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочува дека со жалење ја примил веста за тоа дека уште еден медицински работник ја изгубил битката со ковид-19.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници“, напиша министерот на Филипче.

Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од…

Posted by Венко Филипче on Saturday, September 26, 2020

Close