(ВИДЕО) Паднаа дрвја од ветрот и дождот кај Подмоље

Силниот ветар искрши дрвја кај Подмоље. Сите кои се движат на овој патен правец им препорачуваме крајно внимателно возење, додека надлежните не ги отстранат искршените гранки кои се на самиот пат.

 

Ветрот искрши дрва на локалните патушта

Неколку искршени дрва го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот на локалниот пат кој го поврзува селото Подмоље со т.н. „Стар пат за Струга“.

Posted by Ohrid 1 on Saturday, September 26, 2020

Инаку времето денеска во целата земја е врнежливо и ветровито, уште од утринските часови. На места процесите се поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи.

Според најавата на метеоролозите до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку врнежи ќе има во недела.

Close