Пахор запознаен со богатото културно наследство на Охрид

Преку впечатливите историски приказни за уникатните културни вредности на црквата „Света Богородица Перивлепта” , катедралната црква „Света Софија” и вредната поставка на Галеријата на икони, денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор се запозна со богатото наследство на нашиот древен Охрид.

Огромна е честа што заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку висока гостопримливост покажавме достојна почит на важната дипломатска делегација од една пријателска држава, која е наш стратешки партнер од регионот.

 

Close