Од КОВИД 19 почина медицинска сестра од Општа Болница Охрид

Денес Општа Болница Охрид тагува. Почина медицинска сестра Дијана Димоска. Таа  ја загуби битката со подмолниот вирус Ковид 19, стои во објавата на ФБ страната од Општа болница Охрид.
Од Општата Болница во објавата додаваат:
Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести.
Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас.
Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените.
Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања, велат
Вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид.
Close