(ФОТО) Американскиот рапер Канје Вест објави икона од СВ. Климент Охридски

Американскиот рапер и кандидат за претседател на САД, Канје Вест, на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски.

Раперот ги објави иконите без никакво објаснување.

Пред три месеци, тој соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во ноември, но неговото име ќе биде на гласачкото ливче во само 12 од 50-те американски држави, откако беше одбиен или се повлече во останатите 38 држави.

Close