Се преврте трактор во атарот на село Трпејца, загина млад човек

Загина 20 годишно момче од Љубаништа  во несреќа што се случи денеска во близина на патниот правец Отешево-Трпејца.

Дознаваме дека  тој со трактор се спуштал по планински пат при што од засега непознати причини возилото изгубило контрола и се превртело при што смртно настрадал возачот.

Надлежните екипи се на терен и го расветлуваат случајот како дошло до превртување на тракторот.

Close