700 илјади заразени во Шпанија

Вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Шпанија од почетокот на пандемијата надмина 700.000, а властите предупредуваат на „тешки недели” во Мадрид, густо населено жариште, каде повеќе од една третина од сите пациенти се хоспитализирани во болниците.

Бројот на потврдени случаи се зголеми откако националниот карантин беше укинат кон крајот на јуни. За помалку од еден месец, пријавени се 200.000 нови случаи, со што бројот се искачи на 704.000 од почетокот на пандемијата, најмногу во Западна Европа.

Вкупниот број на смртни случаи вчера се зголеми за 84 на 31.000 од почетокот на пандемијата. Дневниот биланс на жртви сега е на највисоко ниво од почетокот на мај, но под рекордните нивоа во март кога имаше речиси 900 смртни случаи на ден.

Close