Нови три лица заразени од КОВИД 19 во Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

 

Во болнички услови се починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6739, активни 625
  • Куманово 1713, активни 176
  • Дебар 282, активни 41
  • Штип 1239, активни 53
  • Прилеп 643, активни 124
  • Тетово 1405, активни 176
  • Струга 660, активни 64
  • Велес 313, активни 35
  • Битола 285, активни 62
  • Охрид 416, активни 51
  • Кавадарци 222, активни 37
  • Гостивар 918, активни 107
  • Гевгелија 115, активни 49 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 204, активни 130
  • Крива Паланка 102, активни 27
  • Радовиш 74, активни 22
  • Крушево 20, активни 3
  • Кочани 304, активни 128
  • Пробиштип 107, активни 19
  • Демир Хисар 61, активни 2
  • Македонски Брод 92, активни 13
  • Пехчево 42, активни 3
  • Берово 91, активни 29
  • Валандово 24, активни 15
  • Виница 103, активни 26
  • Делчево 154, активни 83 (33 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 24, активни 2
  • Свети Николе 322, активни 22
  • Кичево 315, активни 36
  • Ресен 162, активни 14
  • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1630 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-418,  Биотек-147, МАНУ -100, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-3, ГАК-14, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 68
  • Гази Баба – 74
  • Аеродром – 93
  • Карпош – 71
  • Центар – 89
  • Кисела Вода – 64
  • Ѓорче Петров – 36
  • Бутел – 33
  • Шуто Оризари – 16
  • Студеничани – 10
  • Сарај – 14
  • Арачиново – 8
  • Илинден – 23
  • Сопиште – 3
  • Чучер Сандево – 5
  • Петровец – 7
  • Зелениково – 1
  • Странец – 9
  • Нераспределен-1
Close