Путин номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот писател Сергеј Комков објави дека го предложил рускиот претседател Владимир Путин за Нобеловата награда за мир во 2021 година.

„Процесот по поднесувањето на мојата пријава до Нобеловиот комитет е веќе започнат! И никој не може да го спречи“, напиша Комков на својата фејсбук-страница.

Пријавата за номинација на рускиот претседател Владимир Путин за Наградата за мир била примена од Нобеловиот комитет во Осло на 10 септември, по што американската страна го номинирала американскиот претседател Доналд Трамп, рече Комков.

 

makfax.com

Close