Oдржана 48-та седница на Советот на општина Охрид

Денеска се одржа четириесет и осмата седнциа на Советот на Општина Охрид,, со единствена точка на дневниот ред –  Предлог заклучок за усвојување на информацијата за  одржување на  наставата во основните и средните училишта  во учебната 2020/2021 година.

Неколку советници во дискусиите изразија двојба во однос на успешното спроведување на целиот наставно образовен процес, но иста така ја истакнаа подготвеноста на наставниот кадар и учениците за максимални напори, за што поуспешна учебна година во новонастанатите услови, предизвикании од ковид пандемијата. Помошник раководителот на Секторот за образование Јоне Станкоски, ги информира советниците за подготовките на локалната самоуправа за стартот на учебната година и модалитети под кои таа ќе се спроведува.

Предлог заклучокот едногласно беше прифатен од сите советници.

Close