Путин во ОН повика на укинување на санкциите со цел зајакнување на светската економија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ставањето крај на „нелегитимните санкции” против земји како неговата може да ја зајакне светската економија погодена од коронавирусот и да отвори нови работни места.

Во говорот емитуван на почетокот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, кое годинава поради пандемијата се одржува виртуелно, тој ја истакна потребата од мултилатерална соработка против болеста што го погодува целиот свет.

Во говорот донекаде необичен за рускиот лидер, кој честопати зборува остро, Путин на состанокот по повод 75-годишнината од Обединетите нации рече дека земјите мора подобро да соработуваат во борбата против вирусите и другите глобални проблеми.

– Ослободувањето на светската трговија од бариери, забрани, ограничувања и нелегитимни санкции ќе биде голема помош за заживување на глобалниот раст и намалување на невработеноста, рече тој.

Close