Путин се потпиша на автомобил и го продадоа за 20.000 евра

Автомобил со потпис од рускиот претседател Владимир Путин е продаден за 20 илјади евра на добротворна аукција.

Станува збор за популарниот автомобил “Буба” на која Путин се потпиша за време на венчањето на австриската министерка Карин Кнајсел.

“Не беше наша, ја добивме само за венчањето и тој ден на гостите им кажавме дека сакаме да ја продадеме во добротворни цели” изјами министерката Кнајсел. Таа додаде дека Путин отсекогаш бил шармантен и е среќна што тој присуствувал на нејзината венчавка.

На свадбата која се одржа на 18 август минатата година покрај Владимир Путин на автомобилот се потпишаа и сите останати гости, меѓутоа потписот на Путин предизвика најголемо внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close