Ќе се прошируваат кружните текови на Туристичка

Нецели четири години од како беа изградени, Локалната самоуправа веќе прави проекти за реконструкција и проширување на кружните текови на „Булевар Туристичка“ во Охрид.

Се подготвува документација за проширување со по една излезна летна за кружниот тек кај гимназијата и тоа во спојката со улицата „Јане Сандански“, каде има просторни услови да се направи излезна лента со цел тие кои се движат од „Туристичка“ кон „Јане Сандански“ да излезат низ таа лента и да не влегуваат во кружниот тек. Со ова значително ќе се намали гужвата и метежот во самиот кружен тек кој во летните месеци е особено изразен.

СЕ МЕНУВААТ И ПОЛУКРУЖНИТЕ МЕТАЛНИ ОГРАДИ

Локалната почна со менување на полукружните портокалови метални огради со кои се оградени кружните текови и од сега оградата ќе е од зеленило. Првиот зелен појас е изграден на кружниот кај гимназијата од страна на ова средно училиште и по првите реакции на граѓаните јасно е дека зелениот појас е попријатен и поубав од металните портокалови шипки, а веројатно ќе е потешко и да се прескокне од страна на огромниот број граѓани кои немаат основна сообраќајна култура.

 

Close