(ФОТО) Се уредува просторот пред влезот на подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“

Деновиве се реализираа работни активности за уредување на просторот пред влезот на подрачниот училишен објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“. Поставени се нови плочки на пристапните скали и влезниот трем, а средствата за оваа намена се обезбедeни од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во својата објава додава:
Претходно, во овој подрачен училишен објект беше поставена нова табла со назив на училиштето, а во училишниот двор се поставија нови клупи и корпи за отпадоци. Исто така се изврши и реконструкција на оградата на спортското игралиште и беше изведено ново осветлување со рефлектори.
Close