(ВИДЕО) Бочварски: Доизградбата на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран

Доизградбата на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран, истакна на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Овој автопат како што претходно беше најавено ќе има крак од Требеништа до Струга.

Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар, и изградба на автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион.  Министерот најави изградба на автопат од Прилеп до  Битола, како и ново инфраструктурно поврзување на Битола со граничен премин Меџитлија.

„ Инвестициите во инфраструктурата, ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа , изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на околу 450 километри локални патишта“, рече Бочварски

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира. Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон, додаде Бочварски.

-Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни. Ова е систем преку ноќ не ќе може да се воспостави и преку ноќ не ќе можат да се надминат проблемите, но овој систем треба да создаде фронт против ваквите појави. – рече министерот за транспорт.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/341630283859070

Тој додаде дека изградбата на патната и железничката инфраструктура , гасоводи, водоводи и канализациони системи и другите инфраструктурани проекти, се исклучително важни за развојот на државата и претставуваат најсилниот мотор на секоја економија.

– Затоа ги отворам вратите на Министерството за транспорт и врски за сите наши македонски капацитети, градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област, со цел поставување систем кој ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции. Ќе ги ангажирам сите административни капацитети, ќе го искористам моето знаење и упорност со единствена цел да создадеме систем преку кој ќе се гради модерна инфрастуктура, за денешните и идните генерации, рече Бочварски.

– Во соработка со други министерства преку разни програми се планира изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови, а ќе воспоставиме нови авиолини и други проекти со кои ќе ја вратиме економијата на потребното ниво со што ќе се овозможи отворање на нови работни места, наведе министерот Бочварски.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.

„Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни – рече министерот.

Close