Џелал Мена кандидат на албанските партии БЕСА и Алијанса

Џелал Мена кандидат за градоначалник на Охрид од албанскиот блок

Џелал Мена ќе ги претставува албанците опфатени во коалицијата БЕСА и Алијанса на Албанците на Зијадин Села на претстојните избори за градоначалник на Охрид.

Џелал Мена е актуелен советник во Советот на општина Охрид, а јавноста во цела Македонија го запозна кога излезе на говорницата на Советот и побара општина Охрид да донира 1 милион денари за лекување на девојче. Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го одбија овој предлог, по што го навлекоа гневот на целокупната јавност во државата.

Во моментов по барање на Џелал Мена се врши реконструкција на кружниот тек на „Булевар Туристичка“ и „Бистрица“ за кој бројни граѓани реагирале токму кај советникот Мена кој успешно им го реши проблемот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close