Единствена Македонија до Бугарија: Гоце Делчев може да почива во мир, спремни сме да ви го подариме триото Заев, Шеќеринска и Димитров

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев кој целиот живот го посветил на Македонската револуционерна борба и создавњето на слободна и независна Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Никола Димимтров кои и не кријат дека се спремни да разговараат и за Гоце Делчев, а штом тоа прашање се стави на маса, уште сеге е јасно дека Гоце повторно ќе биде предаден како што беше предаден и за време на животот.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што триото Заев, Шеќеринска и Димитров ќе бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир, се вели во соопштението од Единствена Македонија.         

Close