Фотелји во форма на школка, нов тренд во модерното уредување

Постојаните иновации и реинтерпретации во модерното домување, со себе секогаш носат возбуда што вљубениците во ентериерното уредување ја прифаќаат како предизвик за освежување и редизајнирање на животниот простор.

Социјалните мрежи, особено Инстаграм и Пнтерест, помагаат таквите трендови да се популарзираат и брзо да ги пренесат новите идеи до крајните корисници.

Па ако се водиме според трендовите во уредувањето што сезонава се хит на социјалните мрежи, тогаш мoделот на фотелја во форма на школка, ќе го издвоиме како хит.

Елегантната форма што истовремено ветува пријатност и удобност, е првиот момент што ве „купува”. Потоа следува и луксузниот изглед постигнат преку изборот на кадифето во широк спектар на бои: пудресто розова, смарагдна, мастило сина, лимон жолта…

Се вклопува во просторот независно од неговата базична естетика и го оплеменува со карактер и специфичен печат.

Close